Клубовите од Саудиска Арабија внимателно го следат развојот на тензиите меѓу Мохамед Салах и менаџерот Арне Слот, пред воопшто да испратат официјална понуда за незадоволната ѕвезда на Ливерпул. Атмосферата се вжешти откако Египќанецот минатиот викенд по натпреварот со Лидс јавно изрази неезадоволство. ,
Во наредните 48 часа се очекува Слот и 33-годишниот напаѓач повторно да седнат на маса и да се обидат да ги решат недоразбирањата. И покрај бројните медиумски шпекулации, од Ливерпул засега остануваат на ставот дека Салах не е на продажба. Потсетуваат дека фудбалерот само пред неколку месеци го продолжи договорот, вреден повеќе од 400.000 фунти неделно (околу 460.000 евра), и очекуваат тој целосно да го испочитува, убедени се дека проблемот со тренерот може да се надмине.
Но,во Саудиска Арабија наводно се сомневаат во искреноста на англискиот клуб. Според нив, ваквите пораки се само начин да се сочува високата трансфер-вредност на Салах, па будно ја следат состојбата. Доколку Ливерпул сепак реши да ја отвори вратата за трансфер, три клуба веќе чекаат ред, пишува „Дејли Мејл“ и тоа се Ал Хилал, Ал Кадсија и Неом.