Барселона се најде во сериозни маки поради влошената психолошка состојба на Роналд Араухо. Шпанските медиуми јавуваат дека Уругваецот тешко ги поднел критиките по грешките и црвениот картон против Челси на „Стемфорд Бриџ“, што довело до длабока криза во неговото секојдневие.
Араухо побарал дозвола да се повлече од тимот на неопределено време, а во клубот постои страв дека неговото ментално здравје е сериозно нарушено. Дел од извештаите дури тврдат дека можеби веќе го одиграл последниот натпревар за каталонскиот клуб.
Барселона му даде целосна поддршка и време за опоравување, но истовремено разгледува нови решенија во одбраната затоа што неговото отсуство отвори голема празнина што мора брзо да се пополни.