Ситуацијата околу Мохамед Салах во Ливерпул доби ново поглавје во пресрет на осминафиналниот дуел со Интер во Лигата на шампионите. Иако попладнево тренираше со остатокот од тимот, англиските медиуми пренесуваат дека Египќанецот нема да патува за Милано, што практично значи комплетно исфрлање од составот за најпрестижното европско натпреварување.
Според информациите на Скај Спортс, Арне Слот и Салах имале состанок во текот на денот, а исходот бил негово изоставување од листата патници. Причината се наоѓа во изјавите што Салах ги даде по ремито со Лидс. Разочаран што трет меч по ред останал на клупа, тој јавно го критикуваше клубот и тренерот, што предизвика силна реакција и нарушена атмосфера во соблекувалната.
Овој конфликт доаѓа во крајно лош момент за Ливерпул, кој се наоѓа во серија од само една победа на последните шест натпревари во сите конкуренции. Дополнителен проблем е тоа што Салах наскоро ќе му се приклучи на Египет за Африканскиот куп на нации и нема да биде достапен во наредниот период.
Црвените во вторник од 21 часот ги очекува гостување на „Џузепе Меаца“ против Интер кој се наоѓа во извонредна форма.