На извлекувањето за Светското првенство во иста група се погодија Англија, Хрватска, Гана и Панама.
Африканскиот состав важи за најсилниот можен противник од четвртиот шешир затоа што во своите редови има две ѕвезди од Премиер лигата, Мохамед Кудус од Тотенхем и Антоан Семењо од Борнмут.
Кудус, кој претходното лето пристигна во Тотенхем за 63 милиони евра, а претходно Вест Хем плати 43 милиони за неговите услуги, веќе има богато светско искуство. На минатото Светско првенство блесна како 21 годишник во дресот на Ајакс. Во актуелната сезона запиша два гола и шест асистенции за тимот од Лондон.
Фудбалерот на Тотенхем го сподели првичниот коментар за мундијалот во изјава за Дејли Мејл истакнувајќи:
„Добро е што ги имаме Англичаните во групата. Итекако сме свесни со каков состав ќе се соочиме и колкав квалитет поседуваат. Но ние сигурно ќе бидеме подготвени за нив.“