Абидал со појаснување за контроверзните коментари со кои крена многу прашина: Меси никогаш не…

by
1 минути читање

Лео Меси се најде
на удар на фудбалската јавност и многумина се чудеа како Аргентинецот можел да
биде толку безчувствителен кон својот соиграч Ерик Абидал, кој водеше тешка битка
откако во 2011 му беше дијагностициран рак на црниот дроб.

„Бев многу слаб,
и пред еден натпревар направив видео за момците со цел да ги развеселам, им
кажав да не се грижат бидејќи се уште се држам и сум тука. Знаeте што ми кажа
Меси? Повеќе не ни испраќај вакви видеа, не боли многу. Не гледав така на
работите, им велев дека само ги охрабрувам, а тие ми кажаа дека кога ме гледале
мене како да гледале мртовец и биле многу вознемирени”
– гласеше изјавата на
Ерик Абидал со која крена многу прашина и поради која Лео Меси се најде на
„тапет“.

Сепак, по бурните
реакции на јавноста Ерик Абидал се огласи одново, овој пат на социјалните мрежи
за да ја појасни ситуацијата.

„Кога го пратив
видеото до тимот, Лео Меси не ми кажа повеќе да не праќам видеа, или пак дека
не сака да знае ништо за мојата ситуација. Лео само кажа дека не сака да ме
гледа во таква состојба, и во ниту еден момент ми нема кажано лош збор
– гласеше пораката на левиот бек на
Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани