Барселона, Јувентус и Интер застанаа во редот за босанскиот дефанзивец на Сасуоло

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Тарик Мухаремовиќ, би можел да биде едно од најбараните имиња на летниот трансфер пазар. Стоперот на Сасуоло зад себе има одлична сезона, а интерес за него покажуваат Интер, Јувентус, Барселона и Астон Вила.

23-годишниот дефанзивец се проценува на околу 40 милиони евра, а посебен интерес има од Интер, кој во него гледа можна замена за Алесандро Бастони доколку Италијанецот замине од клубот. Од друга страна, Барселона пак во Мухаремовиќ гледа поефтина алтернатива за Бастони кој е нивна голема желба.

Интересна е и ситуацијата со Јувентус, кој го продаде Мухаремовиќ на Сасуоло за само два милиони евра, но задржа 50 проценти од следната продажба. Тоа значи дека „старата дама“ би можела повторно да го врати во Торино за значително помала сума.

Покрај италијанските гиганти, во трката за потписот на Мухаремовиќ е вклучена и Астон Вила, која е подготвена да ја плати бараната сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×