Шок на Бернабеу, Реал загуби од Селта! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Нов голем удар за Реал Мадрид во Ла Лига, овојпат пораз од Селта, резултат кој ќе ја зголеми бурата во редовите на кралскиот клуб.

Реал Мадрид создаде доволно шанси, но Селта беше онаа која се радуваше на погодоци.

Мечот беше отворен по осум минути игра во второто полувреме кога Сведберг даде гол за водство на Селта од 1-0.

Нервозата во редовите на Реал Мадрид се зголеми, а тоа резултираше и со многу жолти картони и две исклучувања.

Прв кој го напушти теренот беше Фран Гарсија кој набрзина доби два жолти картони. Реал Мадрид од 64. минута играше со фудбалер помалку.

Во судиското продолжение два жолти доби и Карерас, па Реал остана и со двајца фудбалери помалку.

Судбината на кралскиот клуб ја запечати Сведберг со својот втор гол, овојпат постигнат во 93. минута.

По 16 одиграни натпревари Реал Мадрид има четири бода помалку од Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×