Данците се разиграа во Рим! (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Лацио и Болоња ги поделија бодовите играјќи 1-1, а двата гола на натпреварот беа дело на дански репрезентативци.

Македонија во полуфиналето од баражот за Светското првенство гостува кај Данска, па за нас е интересно да ја следиме и формата на данските фудбалери. Гледајќи според денешниот меч, ова не се добри вести за нашата репрезентација.

Лацио поведе во 38. минута со гол на Густав Исаксен, а две минути подоцна резултатот го изедначи неговиот сонародник Јенс Одгард.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×