Денеска се играат два натпревари од 16. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички го пречекува Силекс, а Брера му гостува на Шкупи.
Работнички е претпоследен на табелата, има серија од четири порази, а денеска на гости им доаѓа еден од најдобрите тимови на лигата, Силекс.
Кратовскиот тим по поразот од Арсими ќе се обиде да се рехабилитира со победа на денешниот меч, а на хартија Работнички изгледа како идеален за тоа.
Но очекувањата се дека нема да му биде лесно на Силекс да оствари победа, Работнички ќе даде се од себе да ја прекине серијата порази, а дали ќе успее, останува да се види.
Брера брка важни бодови во битката за опстанок кај Шкупи за кој нема спас. Чаирскиот тим е на последното место со само еден освоен бод и уште сега е јасно дека тие ќе бидат еден од клубовите кои ќе се пресели во понизок ранг.
Струмичкиот тим ќе се обиде да ја искористи незавидната состојба на Шкупи и да дојде до победа.
Двата натпревари почнуваат од 13 часот.
Распоред 16. коло:
Петок
Македонија ЃП – Вардар 1-2
Тиквеш – Струга 0-1
Сабота
Башкими – Шкендија 1-3
Недела
Работнички – Силекс
Шкупи – Брера
Понеделник
Арсими – Пелистер