Големите љубители на
фудбалот беа во исчекување на уште еден фантастичен меч синоќа помеѓу Челси и
Арсенал во Купот, но првиот меч помеѓу нив во Карабао натпреварувањето заврши
без погодоци.
Еден момент од средбата
предизвика лавина реакции кај фановите на Арсенал, тие беа фрустрирани откако Виктор Мојсес имаше контакт со Мејтленд-Најлс во шеснаесетникот на Челси, по што
фудбалерот на Арсенал едноставно излета од својот колосек.
Фановите на Арсенал
побараа да се искористи ВАР-технологијата за оваа спорна ситуација, а судијата Мартин
Аткинсон по краткиот преглед на видео снимката процени дека направил вистинска
одлука да не им додели пенал на гостите.
Претходно, на Челси му
беше доделен удар од белата точка по контактот помеѓу Бељерин и Азар во
казнениот простор на Арсенал, а сигурен реализатор од белата точка беше токму
Белгиецот, на што Топчиите се уште имаат реакции.