Трамп: Ова е вистински фудбал, НФЛ треба да добие ново име! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

На денешната ждрепка за Светското првенство, американскиот претседател, Доналд Трамп носен од логиката рече дека оваа игра е фудбал и треба да се вика така и во САД, „сокер“ да замине во историја, а Американскиот фудбал (НФЛ) да добие некое ново име.

За цел свет е фудбал, само за Американците е „сокер“. Доналд Трамп денеска јавно кажа дека неговите сонародници не се во право и тоа треба да се промени.

„Ние имаме конфликт со друг спорт кој се вика фудбал, но кога ќе се размисли подобро, ова е фудбал и не треба да има ни прашање за тоа, треба да измислиме ново име за НФЛ“, рече Трамп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×