83
Лео Меси има само пофални зборови за Пеп Гвардиола и смета дека Шпанецот е најдобриот тренер на денешницата.
Лео Меси под водство на Пеп Гвардиола во Барселона освои се што можеше да се освои, па не случајно Аргентинецот го смести стратегот на врвот.
„За мене, тој е уникатен. Има неколку извонредно добри тренери, но тој има нешто поинакво. За мене, тој е најдобриот“ – вели напаѓачот на Интер Мајами.
„Кога зборуваме за визија, подготовките за натпреварите, начинот на кој комуницираше со играчите… тој има се. Победува во секој клуб каде што беше тренер“.
„Но не се само победите, туку и начинот на кој играат неговите тимови“.