818
Италијанскиот фудбал денес доби тажна вест. Римини, клуб со повеќе од еден век традиција, официјално престана да постои по одлуката на раководството дека нема услови да се продолжи со функционирањето.
Основан во 1912 година, Римини најчесто настапуваше во вториот и третиот ранг на италијанскиот фудбал и важеше за стабилен провинциски клуб.
До пред само две недели се натпреваруваше во Серија Ц, но финансиските проблеми доведоа до конечниот крај.
Во минатото дресот на Римини го носеше и поранешниот голман на Интер, Самир Хандановиќ, а клубот во еден период го предводеше легендарниот Ариго Саки.