Екипата на Охрид запиша нов убедлив триумф на гостувањето кај Големо Коњари со високи 0-9 во натпреварот од одложеното тринаесетто коло во Втората лига.
Фаворитот ја отвори пресметката со рано водство и во самиот финиш на првиот дел постигна уште два гола, со што ја најави рутинската победа. Во продолжението следеше целосна доминација. Охрид го наполни домашниот гол и стигна до десетта победа во сезоната која го носи на 33 бода.
Иван Глигоров се истакна со хет трик, Антонио Каланоски постигна два погодоци, а по еднаш стрелаа Бојан Затуроски, Стојан Попоски, Димитриј Димитриевски и Ерен Парталко.
Во Тетово се одигра дуелот меѓу Тетекс и Кожуф кои одиграа мирни деведесет минути во кои недостасуваше реализација. Натпреварот во Тетово заврши 0-0 со што домаќините остануваат на 14 бода, а Кожуф се задржува на деветтата позиција со 21 бод.