Потпиша за Челси па почна да „лета во облаци“ и доби суспензија

by bojan
1 минути читање

Страсбур реши да го суспендира Емануел Емега, напаѓачот не се однесувал соодветно и не ги почитувал вредностите, очекувањата и правилата на клубот.

Емануел Емага во септември си подаде рака за преселба во Челси, зделката ќе се реализира летото во 2026, а до крајот на сезоната ќе остане во Страсбур, сeстринскиот клуб на „сините“.

Но очигледно Холанѓанецот почна да „лета во облаци“ па доби суспензија и нема да биде дел од тимот на натпреварот против Тулуз овој викенд.

Од таборот на Страсбур не откриваат детали, само порачаа дека Емануел Емега не се однесувал соодветно и не ги почитувал вредностите, очекувањата и правилата на клубот.

Како што пренесува Л’Екип, проблематични се неколку изјави, како таа дадена по победата над Лил, кога Еманеул Емега рече дека стигнале до трите бода само поради тоа што тој бил во стартниот состав, за разлика од дуелите со ПСЖ, Лион, Монако и Рен.

Голема прашина кренал и со изјавата од кампот на репрезентацијата на Холандија, кога кажал дека мислел дека Страсбур е во Германија.

ФОТО: X/Racing Club de Strasbourg Alsace

Можно е и ова да ти се допаѓа

×