Англичанецот минатата недела потпиша за „Сините“ во зделка вредна 15 милиони фунти. Рос Баркли беше мета на Челси и во последниот ден од летниот преоден рок, тогаш двата клуба си подадоа рака за трансфер вреден 35 милиони фунти, но самиот играч се откажа во 5 до 12.
Па целата ситуација му е сомнитенла на градоначалникот на Ливерпул, кој цел живот навива за Евертон.
Џо Андерсон смета дека Челси, играчот и агентот ковале заверa за да ја намалат цената и тие да имаат финансиски ќар, па испратил писмо до ФА и бара да се испита трансферот.
Тој исто така ги пријавил Челси и Баркли во полиција, и бара соодветните служби да проверат дали има измама во трансферот.
„Јавноста смета дека има заговор, можеби тоа не е точно, но во ваш интерес е барем да го погледнете трансферот и да ги осигурате фановите дека во иднина подетално ќе ги мониторирате зделките“ – се вели во писмото.
„Толку многу сум загрижен од условите под кои се реализираше овој трансфер што побарав од соодветени служби во полиција да разгледаат дали е направена измама“.