Што се случува со Араухо? Агентот на состанок со Деко, дефанзивецот нема да игра поради „приватни причини“

by bojan
1 минути читање

Роналд Араухо ќе го пропушти дербито помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, тренерот Ханси Флик вели дека дефанзивецот не е подготвен поради „приватни причини“.

Нешто се случува со Роналд Араухо, дефанзивецот денеска се појави во тренинг центарот на Барселона, но не тренираше со останатите фудбалери.

Уругваецот доби жестоки критики по црвениот картон против Челси во Лигата на шампионите, а потоа не се најде во составот на „каталонците“ против Алавес, официјалното оправдување беше „стомачен вирус“.

Тој нема да биде во комбинација и за утрешното дерби против Атлетико Мадрид, а Ханси Флик на средбата со новинарите рече: „Се работи за приватна причина и би ценел доколку го почитувате тоа“.

Во меѓувреме, и неговиот агент се појави во спортскиот центар на Барса и се сретна со спортскиот директор Деко.

Се очекува во следниот период да се појават повеќе информации за целиот случај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×