ВАР технологијата дебитираше и во англискиот фудбал

by
1 минути читање

Брајтон со 2-1 го победи Кристал Палас и се пласираше во следната рунда од ФА Купот, но она што е важно за овој натпревар тој ќе влезе во историјата како прв меч во Англија на кој имаше и ВАР технологија иако немаше потреба од нејзина интервенција.

Помошник на судијата Андре Маринер вечерва беше и Нил Сварбрик кој го следеше натпреварот на видео, но не на стадионот туку во соба во близина на Хитроу аердромот.

ВАР технологија ќе има и во среда на лондонското дерби помеѓу Челси и Арсенал во полуфиналето од Лига купот, ќе има и на реваншот помеѓу овие две екипи. Но ќе нема и на второто полуфинале помеѓу Манчестер Сити и Бристол.

Видео технологијата ќе има се поголема примена во Англија, а од следната сезона треба да почне да се користи и во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани