Шчесни за првпат откри: Во Барселона првата година бранел за да го исплати долгот кон Јувентус

by Стефан
1 минути читање

Полскиот голман Војчех Шчесни откри дека минатата сезона за Барселона бранел целосно без надомест. Како потсетување, Шчесни претходно ја заврши кариерата како член на Јувентус, но сосема неочекувано се врати на голот по повредата на Тер Штеген и бранеше на високо ниво.

„Три дена пред да биде официјализирано моето повлекување од професионалниот фудбал, му кажав на Левандовски дека нема да застанам меѓу стативите за ниту еден друг клуб, освен ако тоа не е Барселона“, изјави тој за полските медиуми.

Според него, од Барса најверојатно знаеле дека лесно ќе го убедат да се врати.

„Никогаш не ја изгубив страста кон фудбалот, само едноставно не ме возбудуваа другите тимови. Парите воопшто не беа тема“, додаде Шчесни.

Пред трансферот, Полјакот веќе беше втор голман во Јувентус и, по седум години и осум титули со торинскиот клуб, одлучи да го раскине договорот една година пред истекот. Иако постоела клаузула со која требаше да плати два милиона евра, тој износ се совпаднал со платата која му ја понудила Барселона што го направило трансферот практично идеален.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×