Наполи три дена по мечот е под импресии од потегот на Елмас во ЛШ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Наполи во вторникот запиша победа од 2-0 против Карабах во Лигата на шампионите, а во овој натпревар Елиф Елмас ги одигра последните петнаесетина минути.

Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 74 минута на местото на Ноа Ланг и до крајот успеа да се истакне со еден атрактивен потег кој денеска клубот го издвојува на своите профили на социјалните мрежи.

Елмас ја протна топката низ нозете на Дани Болт, а Наполи го објави видеото придружено со кратка порака. „Чиста класа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×