Ливерпул пред
само неколку месеци категорично порачуваше дека Филипе Кутињо нема да биде
продаден и во август одби неколку понуди од Барселона.
Но ставот на
„Црвените“ овој месец омекна, па Бразилецот сега е на чекор до трансфер на Камп
Ноу вреден 160 милиони евра.
Филипе Кутињо се
очекува во понеделник да биде презентиран како ново засилување на
„Каталонците“, па Јирген Клоп се огласи по вестите за преселба на плејмејкерот
во Барса.
Менаџерот на
Ливерпул истакна дека сонот на Филипе Кутињо бил настап во дресот на Барселона,
тие се обиделе да го предомислат но играчот бил убеден дека неговата иднина
лежи на Камп Ноу.
Германецот исто така
упати и моќна порака до навивачите.
„Играчите доаѓаат
и си заминуваат, фудбалот е таков, но Ливерпул е доволно голем и силен да
продолжи со агресивниот прогрес на теренот, дури и кога остануваме без важен фудбалер” – вели Клоп
„И претходно
заминувале клучни играчи но клубот продолжувал и без нив. Душата и срцето на
Ливерпул не можат да бидат продадени, иако сум сигурен дека многу клубови веднаш
би ги купиле”.