Аталанта славеше сред
Рим на гостувањето кај Рома во мечот од 20 коло од италијанската Серија А,
тимот од Бергамо на полувремето имаше водство од 0-2, но во второто полувреме
играше со играч помалку откако Де Рун во самиот финиш во првите 45 минути игра
заработи втор жолт картон и предвреме беше испратен во соблекувалната.
Корнелиус во 14. минута,
односно Де Рун пет минути подоцна беа стрелци на погодоците за Аталанта во
првиот дел.
По десет минути игра во
второто полувреме Џеко навести интересна завршница откако намали на 1-2, но тоа
беше се што сторија домаќините.
Рома со 39 бода
моментално, дефинитивно е во голема криза а тоа сериозно се рефлектира во
битката за титулата, која сега изгледа невозможна мисија за Римската волчица
која заостанува цели 12 бода зад лидерот Наполи, но има и еден меч помалку, ако
е за утеха. Аталанта со 30 бода се наоѓа на седмото место на табелата.
Вечерва со почеток од
20,45 часот се среќаваат Каљари и Јувентус.