Пандев и Џенова до триумф над Сасуоло, победи забележаа и Милан, Наполи, Лацио и Беневенто (ВИДЕО)

by
4 минути читање

Торино славеше над
Болоња со 3-0 во првиот меч за денеска кој стартуваше во 13 часот, а во
стандардниот термин од 15 часот се одиграа пет средби.

Горан Пандев одигра 56
минути во победата на Џенова пред своја публика над Сасуоло со 1-0, во
моментите кога нашиот репрезентативец излегуваше од теренот мрежите мируваа.

Ова е победа за тимот на
Пандев од исклучително значење токму против еден од ривалите за опстанок во
елитата на Италија.

Од останатите средби
Милан со 1-0 славеше над Кротоне, Наполи со 2-0 беше подобар од Верона, додека
пак Лацио со 2-5 обезбеди победа на гостувањето кај СПАЛ.

Интересно, последната екипа на табелата, Беневенто со пресврт
дојде до победа од 3-2 над Сампдорија на домашен терен. По првата победа над Киево во претходното коло, ова е втора победа во низа за Беневенто.














Од 18 часот се среќаваат
Рома и Аталанта, додека пак денешните предвидени натпревари ќе се комплетираат
со мечот помеѓу Каљари и Јувентус предвиден да стартува во 20,45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани