Дете на Арсенал на 13 години дебитираше во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Попладнево младинската Лига на шампиони доби нов рекордер и тоа од редовите на Арсенал.

На мечот против Баерн Минхен, историја испиша Луис Муњоз кој има само 13 години. Тој стана најмладиот фудбалер што некогаш настапил во ова натпреварување, во кое право на игра имаат фудбалери до 19 години.

Муњоз дебитираше на само 13 години и 343 дена, што веднаш го стави во фокусот на фудбалската јавност.

Англиските медиуми го опишуваат како еден од најголемите таленти во академијата на Арсенал, а доказ за тоа е одлуката на стручниот штаб да му се даде шанса за настап меѓу фудбалери постари и до шест години од него.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×