70
По отказот за српскиот стратег Синиша Михајловиќ, Торино
дојде до убедлива победа од 3-0 на домашен терен против Болоња во 20 коло од
италијанската Серија А во дебито на клупата на домаќините за новиот тренер
Валтер Мацари.
Торино во финишот од првиот дел стигна до почетна
предност со голот на Силвестри.
Во второто полувреме гостите благодарение на ВАР –
технологијата добија удар од белата точка, но Сиригу ја прочита намерата на
Пулгар.
Нианг во продолжение погоди за 2-0, а конечниот исход на
мечот го постави Фалке.