Хари Кејн ги смири навивачите на Баерн!

by 24 фудбал
1 минути читање

Англискиот голгетер Хари Кејн ја игра веројатно најдобрата сезона во дресот на Баерн Минхен, но германските медиуми веќе отвораат тема за можен трансфер на крајот од тековната сезона. Причината е излезната клаузула која од летото ќе изнесува 65.000.000 евра, а во исто време во Шпанија кружат информации дека Барселона го подготвува теренот за негов ангажман. Поради тоа, Кејн беше директно запрашан дали има вистина во најавите.

Немав контакт со никого, никој не ми пријде“ изјави Кејн, а на прашањето дали навивачите на Баерн треба да бидат загрижени, одговори: „Не, не би рекол.

Тој додаде дека во следните месеци ќе разговара со раководството на клубот.

Многу сум среќен во Минхен. Тоа можете да го видите и по начинот на кој играм. Ако дојде до некаква комуникација, ќе видиме. Но не размислувам уште за новата сезона. Прво нè чека Светското првенство на лето. Многу е мала веројатноста да сменам нешто по оваа сезона. Сигурно ќе седнам и ќе разговарам со претставниците на Баерн во наредните месеци и потоа ќе видиме кои се најдобрите опции за иднината.

Со овие зборови Кејн јасно стави до знаење дека неговиот приоритет останува Баерн, а евентуалните трансфер приказни ќе добијат епилог дури по летото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×