64
Евертон одигра солиден
меч против својот голем ривал Ливерпул на Мерсисајд дербито во рамките на
третата рунда од англискиот ФА Куп, но тимот на Алардајс забележа елиминација
откако загуби со 2-1 на „Енфилд“.
Сепак, голот за
израмнување на 1-1 дело на Сигурдсон донесе чудесна реакција на трибината каде
беа сместени гостинските фанови, феноменалната контра и одличен финиш на
Исланѓанецот натера навивач на Карамелите да ги крене штаките во раце и лудо да
прослави за голот на неговиот омилен тим…