Откриени детали: Меси требало да се врати во Барселона, договорот бил подготвен – недостасувал само потпис!

by Стефан
1 минути читање

Аргентинецот, Лионел Меси, требало да се врати во Барселона во 2023 година, открива каталонскиот „Спорт“. Според весникот, двете страни постигнале целосен договор, бил подготвен и дури испечатен новиот договор за аргентинската ѕвезда, но трансферот никогаш не се реализирал.

Да потсетиме, Меси во 2021 година мораше да ја напушти Барселона поради финансиските проблеми на клубот и така стави крај на епизодата од речиси две децении во каталонскиот гигант. Потоа се пресели во ПСЖ, каде што настапуваше две сезони.

Сега се открива дека Меси, желба за враќање во Барселона првпат изразил во јануари 2023 година, кога стапил во контакт со тогашниот тренер на Каталонците, Чави Ернандез. Чави бил убеден дека враќањето на Меси ќе го подигне квалитетот и стандардите на тимот, кој подоцна ја освои титулата во сезоната 2022/23.

Во месеците што следеле, Меси и Чави останале во редовна комуникација, обидувајќи се да го остварат „враќањето дома“. Чави дури разговарал и со неговиот татко, Хорхе Меси, а ја известил и клупската управа. Претседателот Жоан Лапорта бил воодушевен од можноста за нова ера со Меси, додека директорот Матеу Алемани го убедил дека Ла Лига дава зелено светло за трансферот. Но, и покрај сите напори, приказната завршила без среќен епилог за Барса и Меси.

На крајот, Меси замина во САД, во Интер Мајами, каде што и настапува и денес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×