Мурињо со „низок удар“ му одговори на Конте: Никогаш нема да ме казнат за местење натпревари!

by
1 минути читање

„Специјалниот“ вчера говореше како сега е позрел и нема потреба да изиграва кловн или да скока како луд крај аут-линијата. Иако Жозе Мурињо не спомна имиња, многумина ова го сфатија како провокација до Антонио Конте и Јирген Клоп.

Менаџерот на Челси експресно врати, и порача дека Жозе Мурињо го загубил умот, односно дека има деменција или пак станал сенилен бидејќи заборавил што правел во минатото.

Португалецот сега порача дека Антонио Конте лошо ги разбрал коментарите, за потоа со „низок удар“ да му одговори.

„Не го обвинувам, новинарите треба да ми се извинат на мене и на Конте“ – рече Мурињо по победата од 2-0 над Дерби во ФА Купот. „Прашањата беа целосно погрешни, па затоа и реакцијата беше надвор од контрола“.

„Јас зборував за самиот себе, а вие му рековите: „Мурињо вели дека се однесуваш како кловн“. Но јас зборував за самиот себе а не за него“.

„Не треба менаџерот на Челси да ми каже дека сум правел грешки во минатото или пак дека ќе направам грешки во иднина“.

„Она што јас ќе го кажам е дека никогаш нема да бидам суспендиран поради местење на натпревари“.

Антонио Конте беше суспендиран на четири месеци поради тоа што како тренер на Сиена знаел дека одреден натпревар е наместен а тоа не го пријавил до властите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани