Ниту Меси, ниту Роналдо, па ни Хари Кејн не е најдобриот фудбалер во светот според „Гардијан“, титулата ја доби Хуан Мата.
Англискиот весник не ги зема во фудбалските достигнувања како критериум, туку човечките, хуманите моменти кои можат да влијаат на менување на свеста кај играчите и кај луѓето воопшто.
Мата кој е и познат блогер, во август ја иницираше иницијативата „Заедничка цел“ (Common goal initiative), преку која фудбалерите можат да донираат по само еден процент од својата плата за хуманитарни цели. Нивните плати се огромни, тој процент нема да го почувствуваат, за нив е мал, но за тие кои немаат тоа се големи суми.
На иницијативата на Мата му се приклучија Матс Хумелс, Џорџо Кијелини, Шинџи Кагава, Каспер Шмајхел, како и ѕвездите на женскиот фудбал Алекс Морган и Меган Рапино.
Сумата на годишно ниво од еден фудбалер може да достигне и до стотина илјади евра, па доколку голем број на играчи ја прифатат иницијативата на Мата можат да го променат светот.
„Идејата е многу едноставна, но некои од најдобрите идеи во светот се едноставни. Моќта на фудбалот е неверојатна. Секој кој го разбира тоа ќе знае зошто „Заедничка цел“ е толку абициозна и надежна иницијатива“, вели Мата.