По нерешените 0-0 против Саутемптон, Сколс изјави за Погба: „Тој не личи на играч кој ќе ви ги добива натпреварите, а за него плаќате 90 милиони фунти“.
Погба против Евертон одигра одличен натпревар, асистираше и за двата гола во победата од 2-0, а беше и најзабележлив на теренот. Таквата партија беше добредојдена за Мурињо за да удри по Пол Сколс.
„Пол Сколс знае само да критикува. Во историјата тој ќе биде запишан како фантастичен фудбалер. Но не и како аналитичар“, вели Мурињо.
„Не мислам дека Сколс коментира, тој само критикува, а тоа е различна работа“.
„Не треба сите да бидат фантастични како тој што беше. Тој беше фантастичен фудбалер, но не значи дека сите ние треба да бидеме такви“.
„Понекогаш Погба игра многу добро, понекогаш игра добро, понекогаш не игра добро. Но секогаш го дава најдоброто од себе“.
„Не е Погба крив што прави повеќе пари од Пол Сколс. Тоа не е вина на Погба, едноставно таков е фудбалот денес“.
„Доколку Сколс одлични да биде тренер еден ден, му посакувам да биде 25% успешен како мене“.
„50% е 12 и пол трофеи, 25% е околу шест трофеи. Доколку биде 25% успешен како мене тој ќе биде среќен“.