22 годишниот
Германец го привлече вниманието на голем број клубови откако преговороте за нов
договор со Шалке влегоа во ќор-сокак. Тој е обврзан кон клубот од Гелзенкирхен
до 30. јуни 2018 и веќе утре може да потпише за друг клуб и за без пари да направи трансфер по крајот на сезоната.
Барселона, Реал
Мадрид, Арсенал и Ливерпул беа дел од големите имиња кои се поврзуваа со Леон
Горецка, но на крајот битката ја доби Баерн Минхен.
Реномираниот
Спорт Билд вечерва пренесе дека плејмејкерот донел одлука и во јануари ќе
потпише пред-договор со „Баварците“ за летоска да се пресели на Алианц Арена
како слободен играч.
Баерн
секогаш е магнет за најдобрите германски таленти, па очигледно ниту Леон
Горецка не можеше да одолее на реномето на гигантот од Минхен.