163
Лео Меси вели дека повеќе би сакал да освои уште едно Светско првенство отколку да добие уште една Златна топка.
Идната година Меси ќе го игра своето последно Светско првенство. Тој главното го направи на минатиот Мундијал на кој триумфираше со Аргентина.
Но, беше прашан дали повеќе би сакал уште едно СП или Златна топка.
„Уште едно Светско првенство“, дециден беше Меси.
Потоа беше прашан дали би бил газда на клуб или тренер. Тој рече: „Газда на клуб“.