Рома киксна против Сасуоло, ВАР-технологијата спречи победа за Римјаните, историски прв триумф за Беневенто (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома одигра само 1-1 на
домашен терен пред своја публика против Сасуоло, а први во водство дојдоа
домаќините преку Пелегрини во 31. минута.

Во второто полувреме од
средбата Мисироли во 78. минута донесе реми за гостите кои примија и уште еден
гол во завршницата, дело на Флоренци во 86. минута, но истиот беше поништен по
разгледувањето на снимките, со помош на ВАР – технологијата.

Кода во 64. Минута беше
стрелец на историскиот гол за прва победа на Беневенто во Калчолигата на
домашен терен против Киево.

Резултати од останатите
средби
:

Аталанта – Каљари 1:1

Болоња – Удинезе 1:2

Сампдорија – СПАЛ 2:0

Торино – Џенова 0:0

Од 18,00 часот се игра
дербито помеѓу Интер и Лацио, а денешните предвидени средби во рамките на 19
коло од Серија ќе се комплетираат со дуелот помеѓу Верона и Јувентус.

Претходно, Фиорентина
одигра реми на домашен терен против Милан со резултат 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×