Арсенал беше на работ на победа на гостувањето кај Сандерленд кој сепак се спаси од пораз со гол на Броби во четвртата минута од судиското продолжение.
Лидерот на табелата во Премиер лигата загуби два бода и тоа на болен начин.
Сандерленд имаше водство по првото полувреме со гол на Балард во 36. минута. Со предност од 1-0 за домаќините се замина на одморот.
Но, во вториот дел Арсенал со голови на Сака и Тросар дојде до комплетен пресврт и водство од 2-1.
Се чинеше дека ќе го добијат натпреварот, но Броби во 94. минута донесе бод за Сандерленд поставувајќи ги конечните 2-2.