Прекината е серијата победи на Баерн Минхен во Бундеслигата, германскиот гигант денеска одигра 2-2 на гостувањето кај Унион Берлин, малку фалеше да го загубат мечот.
Баерн Минхен во овој натпревар влезе со девет победи од девет натпревари во Бундеслигата, но овојпат беше поинаку.
Унион Берлин е тим кој е на средина на табелата, па денешниот резултат е изненадување.
Унион Берлин поведе со гол на Доеки во 27. минута, но десет минути подоцна Диаз изедначи на 1-1 и тогаш се веруваше дека Баварците се движат накај пресврт и нова победа, но не беше така.
🚨🇨🇴 WHAT A GOAL FROM LUIS DIAZ WITH BAYERN MUNICH! 🤯pic.twitter.com/juyxiKScJs
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) November 8, 2025
Во 83. минута Доеки постигна уште еден гол, овојпат за победа од 2-1, а во 93. минута Хари Кејн со гол го спаси Баерн од пораз, резултат беше 2-2.
Harry Kane 90' +3
— Goals Xtra (@GoalsXtra) November 8, 2025
Bundesliga | 🇩🇪 Union Berlin 2-2 Bayern Münchenpic.twitter.com/2aMFMI0hAf
Посебно убедлив денеска беше Баер Леверкузен кој со 6-0 го совлада Хејденхејм. Дури пет од шесте голови беа постигнати во првото полувреме.
Борусија Дортмунд во 97. минута испушти победа против Хамбургер. Милионерите водеа од 64. минута, но не го сочуваа водството до крај, примија гол длабоко во судиското продолжение. Мечот заврши 1-1.
Хофенхајм со 3-1 беше подобар од Лајпциг.