Ерик тен Хаг би можел да се врати во Премиерлигата, во клуб на кој црно му се пишува

by bojan
1 минути читање

Ерик тен Хаг е една од опциите на Вулверхемптон за нов тренер, стратегот е заинтересиран за враќање во Премиерлигата.

Ерик тен Хаг оваа сезона веројатно беше тренерот кој најбрзо доби отказ, Баер Леверкузен му „удри клоца“ по само два натпревари.

Но стратегот би можел наскоро да се врати крај аут линијата, и тоа во Премиерлигата.

Како што пренесува ЕСПН, Холанѓанецот е една од опциите за нов предводник на Вулверхемптон.

Ерик тен Хаг е заинтересиран за столчето на „волците“ и покрај тоа што има одредени резервации околу преземање на работа во текот на сезоната.

Плус проблематична е ситуацијата на Вулверхемптон, кој по 10 кола е на последното место на табелата, без победа и со само 2 освоени бода.

Тој исто така не единствена опција, Вулверхемптон веќе разговараше со поранешниот тренер Гери О’Нил, а ќе разговара и со Мајкл Карик и Роб Едвардс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×