167
Медиумите од Црна Гора шпекулираат дека поранешниот македонски репрезентативец, Виктор Треневски ќе биде нов тренер на Партизан.
„Црно-белите“ се во потрага на нов тренер откако му врачија отказ на Срѓан Благојевиќ по поразот од Мачва во Купот на Србија и од Чукарички во Суперлигата.
Дуото Марко Јовановиќ – Ѓорѓије Ќетковиќ го биде на кормилото на Партизан во следниот период на привремена основа, а се очекува во скоро време да биде именуван и нов тренер.
Медиумите од Црна Гора сега шпекулираат дека една опција е поранешниот македонски репрезентативец, Виктор Треневски.
Тој како играч помина три сезони во „црно-белиот“ дрес, па за него ова ќе биде враќање во Белград.