Фудбалерите на Вест хем го одиграа најдобриот натпревар под водство на Нуно Еспирито Санто и со пресврт стигнаа до значајна победа од 2-1 против Њукасл на домашен терен.
Гостите го отворија мечот подобро и поведоа уште во четвртата минута, но тоа само го разбуди лондонскиот состав кој потоа целосно ја презеде иницијативата. По некоја минута беше досуден и пенал за „чеканите“, но ВАР го поништи, пред да започне нивната доминација на теренот.
Израмнување донесе Лукас Пакета со прецизен удар од далечина, при што голманот Поуп реагираше несигурно. Домашните продолжија со притисокот и во самата завршница на првото полувреме дојдоа и до целосен пресврт, Ботман несреќно ја затресе сопствената мрежа во петтата минута од судиското продолжение.
Во второто полувреме ритамот се смири, се играше со помалку шанси, а конечните 3-1 ги постави Соучек во осмата минута од судиското продолжение.