Шкендија Арачиново однесе тешко извојувани три бода од Прилеп по мечот со Победа (0-1) во десеттото коло на ВМФЛ.
По средбата се случи скандал, бидејќи лут навивач на гостинската екипа сакаше да се тепа со играчите на гостинската екипа. Среќа се најде тука лице од полицијата и го тргна навивачот, а за ова следуваше и реакција.
„Сцените што денес се случија на стадионот во Прилеп немаат никаква врска со фудбалот и со спортскиот дух кој овој спорт треба да го претставува. Она што се виде на трибините и околу теренот не се слики кои му доликуваат на една фудбалска средба. Расистичките навреди, провокациите и непримерното однесување не му помагаат на спортот – напротив, тие го нарушуваат угледот на фудбалот, на клубот и на самото натпреварување. Како клуб, остро ги осудуваме овие срамни постапки кои го нарушуваат достоинството и безбедноста на нашите играчи и навивачи. Од Фудбалската федерација на Македонија бараме да преземе соодветни мерки и да изрече заслужени санкции кон организаторите на овој натпревар, за да не се дозволи повторување на вакви инциденти во иднина. Фудбалот е игра што треба да обединува, а не да разделува“, напишаа од скопскиот клуб.