РБ Лајпциг останува во трката со Баерн Минхен по новото славје во Бундеслигата, овојпат со 3-1 против упорниот Штутгарт во дуел од деветтото коло.
Домашниот тим поведе по несреќната реакција на Џеф Шабот, кој си постигна автогол во првото полувреме. Во продолжението, „биковите“ ја потврдија победата со прецизни удари на Јан Диоманде и Ромуло Кардозо, кои ја запечатија судбината на гостите.
Борусија Менхенгладбах конечно го прекина црниот низ и ја запиша првата победа сезонава, и тоа убедливо со 0-4 на гостувањето кај Сент Паули. Табаковиќ двапати погоди во првиот дел, а потоа во вториот стрелаа Мачино и Фрауло, па Борусија стигна до првата победа во сезоната.
На останатите натпревари немаше победник. Хајденхајм и Ајнтрахт Франкфурт одиграа 1-1, ист резултат се забележа и на дуелот помеѓу Мајнц и Вердер Бремен, додека Унион Берлин и Фрајбург ги поделија бодовите без голови, 0-0.