По победата на Струга над Шкупи претходно денеска, во Битола од 17:00 часот се одигра и вториот натпевар од денешната програма помеѓу Пелистер и Тиквеш кој заврши без победник 0-0.
Заедно со Шкупи, Пелистер и Тиквеш се најнеефикасите екипи во првенството и во натпреварот влегоа со по осум постигнати гола, па така и денеска не се очекуваа голови.
Во таков стил беше одиграно првото полувреме во кое не видовме ниту една посериозна прилика, двете екипи повеќе мислеа на својот гол, па резултатот остана непроменет. Иста беше сликата и ви вториот дел па двете екипи ги поделија бодовите.
На табелата Тиквеш се наоѓа на деветтата позиција со девет бода, еден повеќе од Пелистер кој е на позиција подоле.