„Братско“ дерби под рефлектори во Битола: Кој ќе излезе од кризата?

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Пелистер и Тиквеш ќе се судрат во рамките на 11. коло во Првата македонска фудбалска лига „Братското“ дерби во Битола ќе биде борба за излез од кризата на две екипи кои доста се мачеа и играа променливо. Од неодамна со нови тренер и нова енергија збратимените ривали ќе се борат за многу важни бодови во борбата за опстанок.

Пред натпреварот своите очекувања ги сподели поранешниот македонски репрезентативец и тренер на Пелистер, Милан Стојановски.

Работевме на опоравување по натпреварот со Силекс, екипа која во моментов е поквалитетна од нашата. И покрај послабата игра во Кратово, имавме и шанса да освоиме бод, но и тој бод мора да се заслужи. Се трудиме да се фокусираме само на мечот со Тиквеш. Знаеме како одиграа минатото коло, но не се залажуваме со поразот што го доживеаја. Имаа водство од 3-1, но веројатно малку се опуштија, па затоа на крајот загубија. Нашата цел е да одиграме добар натпревар на домашен терен и да се обидеме да победиме. На мечот во Кратово малку му дадовме одмор на Мирко Ивановски, може да се каже дека го чувавме за овој натпревар против Тиквеш. Се надевам на позитивен резултат и излез од кризата, само со сплотеност и храброст можеме да ја оствариме целта“, изјави Стојановски. 

Од таборот на гостинската екипа од Кавадарци зборуваше искусниот Александар Вареловски, кој кажа:

Двата тима очекуваат подобри денови на резултатски план. Мора да се фокусираме на она што следува, минатото и оној шок од Арсими мора да го заборавиме. Ова е одлична можност за наша играчка и резултатска рехабилитација. Ноќен термин, добар терен во Битола. Мора да одиме по бодовите, мора да одиграме како што треба, немаме друга опција“.

Средбата меѓу Пелистер и Тиквеш ќе се игра во попладневен термин под рефлектори во терминот од 17:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×