Кевин Де Брујне успешно опериран, го чека подолга пауза

by 24 фудбал
1 минути читање

Еден од најдобрите играчи на Наполи, Кевин Де Брујне, успешно ја помина операцијата на тетивата која ја повреди на дуелот со Интер кој заврши со победа за Неапол со резултат 3-1.

Де Брујне се повреди при изведување на пенал. Погоди, но веднаш се фати за задниот дел на десната нога и со помош на лекарите ја напушти играта. Прегледите покажаа повреда на мускулот поради која беше неопходна хируршка интервенција. Наполи официјално информираше:

Како што беше и планирано, Кевин Де Брујне денеска беше опериран во Антверпен поради повреда со висок степен на мускулот бицепс феморис на десното бедро. Операцијата беше успешна. Де Брујне ќе ја продолжи првата фаза од својата постоперативна рехабилитација во Белгија“.

Италијанскиот клуб не откри кога ќе се врати на терените, меѓутоа се очекува да паузира три-четири месеци.

Наполи, кој е лидер во Серија А, во сабота на свој терен го пречекува седмопласираниот Комо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×