Мејсон Гринвуд би можел да се врати во Премиер лигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Тотнем е сериозно заинтересиран за напаѓачот на Олимпик Марсеј, Мејсон Гринвуд. Лондонскиот клуб бара засилување во нападот и верува дека Англичанецот би можел да биде вистинското решение за следната сезона или на зима.

Гринвуд пристигна во Марсеј во 2024 година и со своите настапи брзо стана еден од носителите на играта. Во тековната сезона има 12 настапи во сите конкуренции, на кои постигна осум голови и додаде четири асистенции. Договорот со францускиот клуб му трае до јуни 2029 година, што значи дека Марсеј нема намера лесно да се откаже од него.

Интерес за неговиот потпис покажува и Манчестер Јунајтед, клубот во кој го започна своето кариерно патување. Сепак, не е извесно дали Гринвуд би прифатил да се врати на „Олд Трафорд“, имајќи го предвид начинот на кој заврши неговата авантура таму.

Откако беше обвинет за силување, Јунајтед го отстрани од тимот, па тој прво беше испратен на позајмица во Гетафе, а потоа потпиша постојан договор со Олимпик Марсеј.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×