Двојникот на Родриго де Пол постигна страшен гол, кандидат за најубав во годината (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

На натпреварот помеѓу Баракас Сентрал и Бока Јуниорс падна гол каков што ретко се гледа, домашниот фудбалер Родриго Инсуа погоди од преку 40 метри, гостигнскиот голман беше само гледач повеќе.

Родриго Инсуа, кој многу налекува на својот попознат сонародник Родриго де Пол, постигна страшен гол, кој сигурно ќе биде кандидат за најубавиот погодок во годината.

На натпреварот помеѓу Баракас Сентрал и Бока Јуниорс, тој на гради прими една топка на средината од теренот, и без многу размислување распали од 40 метри.

Топката заврши под пречката, гостинскиот голман беше само гледач повеќе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×