Избегна обид за киднапирање, па даде атрактивен гол со пета (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Фудбалерот на Зенит, Андреј Мостовој имаше неколку турбулентни дена, прво избегна обид за киднапирање, па постигна атрактивен гол со пета против Динамо Москва.

Андреј Мостовој изминативе неколку дена е во фокусот на руската јавноста, 27 годишниот фудбалер на Зенит во четвртокот избегна обид за киднапирање во Санкт Петербург.

Четворица маскирани лица се обидоа на сила да го внесат во автомобил, но со помош на хокеарот Александр Гракун, тој успеа да се одбрани.

Вчера Андреј Мостовој истрча на теренот против Динамо Москва како ништо да не се случило и атрактивно погоди со пета.

Во меѓувреме, полицијата ги уапси напаѓачите, како и организаторот, лице кое е втора година на локален универзитет и живее во околината на Санкт Петербург.

ФОТО: fb/FC Zenit

Можно е и ова да ти се допаѓа

×