Летното засилување на Наполи незадоволно од минутажата: Со Конте сум разговарал само еднаш…

by bojan
1 минути читање
Ноа Ланг дозна како изгледаат подготовки под водство на Антонио Конте

Ноа Ланг изрази незадоволство од минутажата која ја добива, летното засилување на Наполи исто така се пожали дека само еднаш разговарал со тренерот Антонио Конте.

Наполи синоќа гостуваше кај ПСВ во Лигата на шампиони, Ноа Ланг се надеваше дека ќе биде стартер против својот поранешен клуб, но напаѓачот повторно се најде на клупата за резерви и шанса доби во второто полувреме.

„Секој фудбалер сака да игра. Не знам што повеќе да направам. Најдобро е да молчам“ – вели Холанѓанецот.

„Потпишав договор, и морам да ја прифатам ситуацијата. Немам друг избор“.

Ноа Ланг потоа додаде: „Имам разговарано само еднаш со Конте, но тоа е друга тема, во моментов е најважен натпреварот и ние одигравме скандалозно, ПСВ едноставно не надигра“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×