На македонските фудбалски терени денеска ќе се играат натпревари од осминфиналето во Купот на Македонија во кои нема некое големо дерби, но се очекуваат интересни пресметки.
Интересно може да биде во Куманово каде што кратовски Силекс ќе гостува на Башкими, Силекс можеби ќе ја има фаворитската улога, меѓутоа Кумановци од стартот на сезоната покажаа дека можат да бидат незгоден противник.
Македонија Ѓорче Петров на свој терен ќе го пречека минатогодишниот финалист Струга, а Работнички дома ќе игра против Брегалница, додека во преостанатиот натпревар второлигашот Шкендија Арачиново ќе се соочи со Пелистер.
Сите дуели се играат во терминот од 14:00 часот.
Бранителот на трофејот, Вардар утре го игра својот натпревар исто така во 14:00 часот против Новаци.