280
Славниот Дејвид Бекам наскоро би можел да се врати во Манчестер јунајтед и тоа сега во поинаква улога.
Според најавите на дел од медиумите, постои можност Бекам да стане дел од група инвеститори од Обединетите Арапски Емирати кои ќе се обидат да го преземат мнозинскиот пакет акции од семејството Глејзер.
Наводно, конзорциумот веќе работи на деталите околу понудата, а Бекам би требало да ја има улогата на амбасадор и човек кој ќе ги поврзе навивачите и новата управа.
Медиумите потсетуваат и дека Бекам веќе јавно го критикуваше управувањето н семејството и уште пред две години ги повика да ги продадат своите акции.